Петар Печков
Објавено: среда, 21 јануари 2015
Со завршувањето на пописот на книжниот фонд во Библиотеката Гоце Делчев, таа од почетокот на годинава продолжи со редовното работно време.
Секој работен ден од 8,30 до 21ч и в сабота од 8,30 до 14 ч. Така на бројните читатели повторно книгата им е достапна во поголем дел од денот.
Истовремено, до сабота трае пријавувањето за разговорниот курс по англиски јазик, кој се реализира заедно со предавачите од Мировниот корпус.
Tweet |