Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 декември 2010
Штетите од поплавите во велешко кои се случија на почетокот од месецов се проценети на 250 илјади евра. Толкава е вредноста која е предизвикана од надојдениот Вардар кој на 5-ти декември се излеа, освојувајќи 14,5 хектари површина во месностите Речани, Шорка, Башино Село.
На овие површини 100 отсто се оштетени насадите од рано градинарски култури, млад кромид, млад лук, морков, зелка, марула, цвекло, спанаќ и магдонос. Проценетата штета за овие култури е 13,1 милиони денари додека 1,5 милион се за штети на градежни објекти.
Поплавени биле 18 станбени и деловни згради, подруми, гаражи, оштетени системи за наводнување. Вардар удави и стотина свињи, зајаци, кози имало, за што во осум пријави за стока и живина има штета од 360 илјади денари.
Tweet |