речник контакт

Попладнево, вторник, во 15,30 ч. стигна есента

Се очекува есента во јужниот дел на Балканот и во Македонија да биде релативно потопла од просекот, посебно во месеците ноември и декември

Петар Печков

Денес вторник, во 15,30ч. дојде есента.  Таа доаѓа на северната Земјин а хемисфера, на јужна полутопка, дојде пролетта.  Во првиот ден на есента, денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат подеднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта).

Во првиот есенски ден, Сонцето во Велес   изгреа во 6 часот и 21 минути точно на исток, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути точно на запад. Оддалеченоста на Земјата од Сонцето ќе биде околу 149,5 милиони километри или блиску до просечната вредност.  

Есента ќе заврши на 21 декември во 11ч. и 2 минути. Тогаш на северната полутопка ќе почне зимата и овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткоденица. Од денес постепено до 21 декември ноќта ќе се зголемува до максималните 15 часа, а денот ќе се намалува до само 9 часа. Во исто време, додека на северната хемисфера почнува есента, на јужната пак започнува пролетта и таму ноќите ќе стануваат пократки од деновите исто така до 21 декември.

Според accuweather, NOAA, NASA и др., за разлика од летото, се очекува есента во јужниот дел на Балканот и во Македонија да биде релативно потопла од просекот, посебно во месеците ноември и декември.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »