Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 јули 2010
Со ова едно од тесните грла во сообраќајот на Велес, која ги спојува двете цркви Св.Богородица и Св.Спас, доби улица по која жителите на стариот дел на градот ќе можат непречено да се движат.
Работници од двете фирми Делта Пром и Урбан инвест ја поплочија улицата во должина од 600 метри и оформија два паркинг простори пред црквата со што ќе се овозможи нормално извршување на црковните обреди. Општината Велес оваа инвестиција ја чинеше два милиони денари, а веќе се започна со иста работна активност на улицата Св. Кирил и Методиј која води до црквата Св. Пантелејмон.
Tweet |