Петар Печков
Објавено: недела, 25 јули 2010
Со ова едно од тесните грла во сообраќајот на Велес, која ги спојува училиштето Св. Кирил и Методиј и црквата Св. Пантелејмон доби улица по која жителите на стариот дел на градот ќе можат непречено да се движат.
Работници од двете фирми Делта Пром и Урбан инвест ја поплочија улицата во должина од 500 метри и оформија паркинг простори пред црквата со што ќе се овозможи навремено извршување на црковните обреди.
Општината Велес оваа инвестиција ја чинеше 1,8 милиони денари.
Tweet |