речник контакт

Популарната ,,жаба,, се тркала по велешките коцки

На големо изненадување во сабота по велешките улици беше виден олдтајмер.

Петар Печков

 На големо изненадување во сабота по велешките улици беше виден, олдтајмер.  Тоa беше популарниот од минатиот век цитроен, викан жаба или Де Гол.  Во него се возеше францускиот амбасадор Шлумберже во Македонија, кој беше во неслужбена посета на Велес.

Ако тој  се воодушеви од тоа што ги видоа во градот куќата на  Кочо Рацин, црквата Св. Пантелејмон, археолошкиот локалитет Стоби, велешани се воодушевија од неговиот дипломатски автомобил.

Легендарната „жаба“, лимузина се возеле во 50-сетите, 60-сетите и 70-сетите години на минатиот век. Жабата, која во периодот од 1955. и 1975. година е произведен во 1,5 милиони примероци, беше ендемски автомобил на своето време, златно доба на француската автомобилска индустрија.

Генералот де Гол го одреди овој автомобил за службено возило на претседателот на Француската Република, а глобална популарност стекна благодарејќи на многубројното појавување на филм.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »