речник контакт

Популарните „старки“ полнат 100 години

Кога во 1908 година, триесетгодишниот Марки Конверс ја основал „Converse Rubber Shoe Company“ не ни сонувал дека ќе влезе во светските легенди.

Петар Печков

Кога во 1908 година, триесетгодишниот Марки Конверс ја основал Converse Rubber Shoe Company не ни сонувал дека ќе влезе во светските легенди. Впрочем важниот момент за него се случил во 1921 година, кога во неговата фабрика дошол тогаш познатиот кошаркар Чарлс Чак Тејлор, и му се пожалил дека спортските обувки со кои игра постојано му прават рани на нозете. Марки почуствувал добар бизнис и му понудил на кошаркарот да биде продавач и промотер на новите спортски обувки, удобни и пријатни за носење. Чак веднаш се согласил, а неговото име, всушност потписот, дополнително бил ставен на спортските обувки, кои подоцна ќе станат најпознат бренд во светот - Converse All Star, или едноставно „старки.

Платнените спортски обувки со едноставен дизајн, во црно - бела боја, со тенок гумен ѓон, во прво време биле гледани со голем скептицизам. Многумина се прашувале колку ќе траат, колку се удобни или пак дали се прилагодени за сите временски услови...
Но најдобрите тимови и играчи на НБА лигата, икони на рок’н’ролот, уметници… ги носеле токму „старките.

Денеска овој бренд го слави својот 100-ти роденден, како едeн од најголемите и најбарни брендови во светот. Секоја година во светот се продаваат по околу 30.000 чифта старки.

Во педесеттите години од минатиот век, старките станале дел од униформите на американските затвореници, додека во осумдесетите влегуваат во светот на модата. Кој ги немал едноставно не бил во тренд и тоа секаде низ светот. Во 21 век доживуваат „comeback, па така со iPhone и iPhod може да се видат и високи бели старки.

Овие спортски обувки влегле и во Гинисовата книга на рекорди. Еден Американец, сопственик е на колекција од дури 403 чифта различни модели.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »