речник контакт

Поради неиздавање на фискални сметки, УЈП казни угостители на Питијадата

Од УЈП ги потсетуваат сите организатори на манифестации на отворено и продавачи, да ги почитуваат законските одредби да издаваат фискални сметки за секој реализиран промет

Петар Печков

По  реакциите во јавноста дека на Питијадата Управата за Јавни приходи казнила угостители, ТрМр  ја праша УЈП дали и колку угостители се казнети на манифестацајата во Велес, и која е изреченат парична казна.

Ред мора да има и да се почитуваат законските одредби, побараа од Управата за Јавни Приходи, откако за време на Питијадата во Велес некои од угостителите биле казнети. Тие не издавале фискални сметки.

Од УЈП ги потсетуваат сите организатори на манифестации на отворено и продавачи, да ги почитуваат законските одредби да издаваат фискални сметки за секој реализиран промет.

„Извршени се контроли на територијата на Велес за време на манифестацијата Велешка Питијада. Во рамките на акцијата, по спроведените контроли, кај пет субјекти беа констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања. Конкретно, утврдени се прекршоци според член 21-б од Законот за регистрирање на готовинските плаќања (член 2), кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки за извршениот промет. Овие случаи вклучуваат ситуации каде што не се издадени фискални сметки за продадените производи и услуги. Казните за правните лица за овие прекршоци се движат од 100 до 1500 евра, додека за одговорните лица во правните лица, казните изнесуваат од 50 до 100 евра“- пишува во одговорот од УЈП, по поставеното прашање од ТрМр, колку казни  се изречени и во која висина се тие.

Потсетуваат дека согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања, задолжително  е да се издаваат фискални сметки за извршениот промет, односно услугата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »