речник контакт

Порази за ракометарите, кошаркарите и фудбалерите

Неуспешен спортски викенд за велешките екипи. Последното есенско коло од Третата фудбалска лига Југ, кое требаше да се игра денес, недела 1 декември, е одложено за седум дена

Петар Печков

Во 13 коло ракометарите на РК Бисинов загубија очекувано  дома од скопски РК Вардар со 29:41 (17:21). Помладиот велешки лигаш останува на 10 место од 12 екипи со 5 бода. Во следното коло гостува во Битола кај првакот  РК Еурофарм Пелистер.

Во 14 коло од Втората лига, фудбалерите на ФК Борец загубија со 0:1 од струмичка Беласица со гол кој гостите го постигнаа во 73 мин. Велешани и натаму се 13-ти претпоследни со 5 бода. Во следното последно есенско коло гостуваат во Охрид, на екипата на ФК Лихнидос која е 8-мо пласирана со 21 бод.

Кошаркарите на КК Борец баскет неочекувано загубија во Прилеп од составот на КК Мега баскет со  69:79, состав кој имаше 4 победи и 3 порази. По ова досега некомплетно  8 коло велешани се на делба на првото место со КК Ангели со по два порази, со тоа што КК Соколи треба да игра натпревар вечерва во Струга.  Во следното коло, токму тимот на КК Црн Дрим доаѓа во салата Гемиџии а досега има 5 победи и два порази.

Последното есенско коло од Третата фудбалска лига Југ, кое требаше да се игра денес, недела 1 декември,  е одложено, објави на нивниот ФБ профил ФК Превалец.
„Поради лошите временски услови сите натпревари од 13 -тото коло од ТФЛ Југ се одложуваат. Истите ќе се одиграат на 08.12.2024 (недела) од 13.00 часот“

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »