Петар Печков
Објавено: четврток, 20 април 2023
Фудбалерките на ЖФК Борец во 16 коло од Првата лига, загубија дома со 0:4 од екипата на ЖФК Шкендија од Тетово. Тоа беше дерби за опстанок на 10 пласираниот Борец и 9-то пласираната екипа на Шкендија, кои имаа 3 односно четири бода. Велешанки загубија и останува во директниот меч со ЖФК Кочани во гости да решаваат кој ќе се сели во Втора лига. Во следното коло, ЖФК Борец гостува во Струга кај трето пласираната екипа на ЖАС Јунајтед.
Во 9 коло од разигрувањето за опстанок во Првата лига, МРК Борец дома загуби од РК Јехона од Гостивар со 29:43(10:21). И по ова коло велешани се на дното последни без освоен бод а гостите 4-ти со 15 бода. Во следното коло, ГРК Борец игра повторно дома, во салата Гемиџии против петтопласираниот тим на РК Овче Поле, кој има 12 бода. Натпреварот се игра вечерва со почеток од 19,30ч. Помладиот велешки лигаш РК Бисинов, кој е 6 со 12 бода,во истата конкуренција, следното коло, в сабота, игра во гости во Гевгелија, против РК Партизан кој има 15 бода и е 3-ти.
Познати се термините за првите два натпревари од разигрувањето за тутулата првак на Македонија во одбојка-мажи. Првата средба се игра вечерва, четврток во 18,30 во салата Парк во Струмица а вториoт натпревар е в недела во истиот термин 18,30 ч. во салата Гемиџии, во Велес. И двете средби се со директен пренос на МРТВ 3.
Tweet |