Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 април 2016
Три настапи, три порази за велешките екипи, кои настапуваат во најквалитетните лиги, изминатиот спортски викенд. Ракометарите на Борец дома загубија од битолски Пелистер со 25:30 , полувреме 11:11. Победата за велешани беше можност да се приближат со бодовите до екипите кои се пред нив на табелата, вклучувајќи го и Пелистер. Но наместо тоа забележан е пораз.
Така по 18 кола Борец е претпоследен -9-ти а првенството продолжува од 22-ри април, кога шесте ниско пласирани екипи играат плај аут, разигурваат за опстанок, а бодовите на овие екипи се пренесуваат. Претпоследната екипа игра бараж за опсатнок со вториот од Првата лига. Извлечени се и паровите за четврт финалето од ракометниот Куп, а Борец игра во Скопја против лидерот во првенството Металург.
Во футсал лигата екипата на Велес загуби во Тетово од СЕЕУ со 9:7 . Тоа беше соседско дерби според пласманот на табелата. Велес по 21 коло е седми со 24 бодови и во зоната која носи разигрување за опстанок. И во следното коло Велес гостува на екипа која исто така се бори за опстанок, игра во Штип против Мал Ајакс кој е осми. Претходно во четврфиналето четврфинале куп во Скопје Јувентус Серава го победи Велес со 9:6.
Фудбалерките на Борец на гостувањето во Битола загубија од третопласираната екипа на Топ гол со 4:1. Истите екипи се сретнаа во четвртокот и во четврфиналето на Купот , средбата се играше пак во Битола и тогаш победија домаќинките со 3:1. По 14 кола Борец е 7-ми. Во наредното коло повторно велешанки гостуваат, овој пат на соседот 8-мо пласираниот Истатов во Струмица.
Tweet |