Петар Печков
Објавено: недела, 01 декември 2013
Во дербито ка колото во женската лига екипата на Борец дома загуби од екипата на Младост со 3:2. иако младите велешанки водеа со 2:1, настапија без неколку стандардни првотикмки, некои во војска, други повредени. Тоа резултираше со пораз од трето пласираната екипа на Младост. По 11 кола велешанки се на четвртото место и далеку пред првите три, и со предност пред останатите екипи на табелата.
Машката екипа пак е поразена во дербито на дното од Втората лига, од Руфеја со 2:0. Со овој пораз и така разочарувачката полуетапа, велешани ја завршија бедно. Малкуте помрзнати гледачи со право реагираа и прашуваа: ,,Како Борец знаеше да игра до шестото коло а потоа дали фудбалерите заборавија, или управата заборави на нив? По 15 одиграни кола Борец е трет одпозади од 16 екипи со скромно бодовно салдо до 12 бода и претстои тешка борба за опстанок во пролетниот дел.
Tweet |