Петар Печков
Објавено: сабота, 01 април 2023
Пораз во 22 коло за велешкиот второлигаш во Охрид. ФК Борец загуби со 2:0 (1:0) од домаќинот ФК Охрид кој беше деветто пласиран на табелата со 21 бод.
Домаќините, со по еден гол во двете полувремиња, без проблеми стигнаа до трите бода и се зацврстија во средина на табелата. Велешани остануваат последни со два освоени бода.
Во следното коло, в сабота ФК Борец игра дома со петто пласирана екипа на табелата ФК Детонит Плачковица од Радовиш.
Tweet |