Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 февруари 2026
Спортскиот викенд зад нас активни само одбојкар(к)ите. Забележаа една победа- ОК Борец жени и два порази ОК Борец мажи и ОК Виола волеј.
Во дербито на колото, во разигрувањето во Штип против ОК Штип УГД тесен пораз за велешани 3:1 . Сите три изгубени сета се на разлика (26:24, 25:23, 25:23) а третиот кој го добија одбојкарите на ОК Борец е со 25:15: Израмнет натпревар на прво и второ пласираниот тима од табелата, во кој нијансите решавале за победникот. По ова коло Борец останува второ пласиран со 35 бода а во следното коло ново дерби гостува во Велес ланскиот шампион ОК Струмица кој е третопласиран со 34 бода.
Победа во 17 коло на Втората одбојкарска лига жени за ОК Борец на домашен терен. Со максимални 3:0 совладана е трето пласираната екипа на ОК Ново село (18,15,17). Тоа беше дерби во оваа конкуренција на 4-то и петто пласираната екипа и со победата велешанки сега се 4-ти со 29 бода. Пораз за одбојкарките на ОК Виола волеј во Скопје од второпласираниот ОК Вардар со уверливи 0:3 (14,7,13). Велешанки остануваат 9-ти од 12 екипи со 17 бода. Во следното коло ОК Виола волеј повторно гостува, повторно во Скопје, овој пат над последно пласираниот тим на ОК Шкупи кој има една и тоа административна победа. ОК Борец се слободни, оти противникот ОК Македонија макс се откажа од натпреварите пред почетокот на првенството.
| Tweet |




