Петар Печков
Објавено: среда, 02 октомври 2024
Ракометарите на РК Бисинов го забележаа четвртиот пораз во Супер лигата, овој пат на домашен терен од составот на РК Куманово.
Ако пред почетокот се очекуваше дека помладиот велешки лигаш ќе слави, такви беа и најавите, славеа гостите. Тие како и домаќините имаа по една победа од четири натпревари и разбирлива беше радоста по завршувањето на средбата.
Ветувачки почеток имаа ракометарите на РК Бисинов кои поведоа со 11:6 во 24 мин. За да за шест минути кумановци направат пресврт со серија од 1:7.
Во второто полувреме ја контролираа разликата од три гола и на крајот победија со пет гола разлика. Кај велешани по 6 гола пстигнаа Илиев и Очнев.
Во следното коло тешко гостување кај лидерот РК Охрид кој има пет победи во пет натпревари. РК Бисинов е 10 од 12 екипи со една победа.
Tweet |