Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 март 2023
Во фудбалска конкуренција, овој викенд фудбалерките на ЖФК Борец беа слободни во Првата лига. Во третата лига Југ победа за екипата на ФК Локомотива од Градско и пораз за ФК Превалец. Тоа беа два дерби натпревари за висок пласман но и за опстанок. Лидерот ФК Вардар од Неготино со 0:1 го совладаа ФК Превалец кој беше трето пласирана. Единствениот гол на натпреварот бил постигнат од слободен удар во финишот, во 83 минута.
За опстанок се бореа десетто и деветто пласираниот тим, во прилепско Кривогаштани ФК Младост и ФК Локомотива од Градско. Се радуваа гостите, кој победија со 1:2. По оваа победа „локоси“ се искачија за едно место и се 8 со 14 бода, ФК Превалец остана трето пласиран. Во следното коло екипата на ФК Локомотива е слободна а ФК Превалец гостува во прилепско Големо Коњари, кај истоимениот трето лигаш. Тоа е дерби за третото место оти домаќините се четврто пласирани.Продолжија натпреварите од Општинската фудбалска лига Велес. Се одигра првото пролетно коло.
ФК Башкими (Ј) 1-0 ФК Форца нова
ФК Тополка 2-2 ФК Богомила
ФК Младост (В) 0-1 ФК Согле
ФК Мартолци 0-1 ФК Чашка 2022
ФК Илинден (БС) 6-0 ФК Горски
ФК Бабуна слободна
1 БАШКИМИ (Ј) 11 7 3 1 32/20 24
2 ИЛИНДЕН (БС) 11 7 2 2 30/9 23
3 БАБУНА 10 7 2 1 26/10 23
4 СОГЛЕ 11 5 4 2 23/16 19
5 ТОПОЛКА 11 5 2 4 31/31 17
6 БОГОМИЛА 11 4 4 3 22/21 16
7 ЧАШКА 2022 11 3 3 5 16/19 12
8 МАРТОЛЦИ 11 3 2 6 20/21 11
9 ФОРЦА НОВА 11 3 1 7 21/24 10
10 МЛАДОСТ (В) 11 3 1 7 14/21 10
11 ГОРСКИ 11 1 0 10 4/47 3
Tweet |