речник контакт

Пораз за велешанки во дербито на колото од струмичанки

ЖФК Борец - ЖФК Тиверија 2:3

Петар Печков

Во дербито на  четвртото коло на Првата лига,  велешкиот женски фудбалски клуб  ЖФК Борец загуби  дома на Градски, од екипата на ЖФК Тиверија од Струмица. Гостинките и велешанки беа без пораз, при врвот на табелата.

Струмичанки поведоа со 0:2, домаќинките намалија на 1:2 а за потоа да примат уште еден гол а до крајот на средбата фудбалерките на ЖФК Борец успеаја да намалат на 2:3 но не направија и пресврт. По овој пораз дома, ЖФК Борец падна на петтото место со 7 бода. 

Во следното коло велешанки играат со екипата на  ЖФК Шкендија во Тетово, која има три бода  од четири натпревари и е  9-то пласирана.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »