речник контакт

Поранешен управник и шефот на комерција ја оштетиле Колска за 2,5

Полицијата ги товари за злоупотреба на службена должност

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Ф.С. (59) , поранешен управител  во фабриката за шински возила Велес, и С.Б. (52) поранешен шеф на комерција во фабрика за шински возила Велес, и двајцата од Велес, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба“ . 

Во периодот од 2008година до 2010година, пријавените искористувајќи ја својата службена положба, јавните набавки на репроматеријали потребни за извршување ремонти на патничките и теретни вагони и коли на ЈП Македонски Железници, ги вршеле спротивно на „Законот за јавни набавки“ , односно без претходно спроведена тендерска процедура за доделување договор за јавна набавка, со што нанеле штета на Фабриката за шински возила Велес во износ од 2 537 392 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »