речник контакт

Порасна бројот на лица во самоизолација во Велес, но и во државниот карантин

Изминатиот деноноќие во велешко откриен еден случај на лице кое се движело во време на полициски час

Петар Печков

За едно деноноќие порасна бројот на лица во само изолација во Велес, но и во државниот карантин.

Според податоците на портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додески  вчера во велешко имало 80 лица во самоизолација, а ден претходно 46.

Се зголеми и бројката на лица повратници кои се во државен карантин.  Во хотелот „Монтенегро„„ вчера беа сместени 80 лица, а во неделата ги имало  43. 

Во текот на изминатите 24 часа во велешко едно лице било откриено како го прекршува полицискиот час, и против него ќе биде поднесена соодветен пријава.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »