речник контакт

Порачано убиство во Ореше, по втор пат

Повторното судење за случајот убиство во Ореше траеше шест часа, во мачна и напната атмосфера, со многу нервоза и вербални препукувања

Петар Печков

Триесетина предлози на одбраната за нови сведоци и материјални докази во судскиот процес за убиството во селото Ореше беа побарани а од страна на судот одбиени. Ова кулминираше со барањето на адвокатите на обвинетите Ордан и Љупчо Георгиевски да се изземе Илија Танев претседателот од  петочлениот судски совет.

Тоа беше одбиено од страна на Виолета Мојсова, претседателот на Основниот суд од Велес па главниот претрес дојде до завршни зборови кои се закажани за 12 ноември. Обвинителството пак со став дека целта на одбраната беше да се одолговлекува процесот бидејќи привршува времето до кога обвинетите можат да бидат во притвор. Одбраната атакуваше на кредибилитетот на заштитниот сведок ,,Бреза,,  по чие сведочење браќата Георгиевски беа осудени на по 12 години затвор. 

За нив е чудно како може рамката за пушката од која наводно било пукано да биде најдена на 10 октомври  2008 во 20 часот во дол во близина на Ореше, а истата заштитениот сведок Бреза за прв пат да ја посочи дека е дел од оружјето со кое се пукало, на сведочење на 4-ти ноември истата година. Судскиот совет во негова заштита, со цел на  се открие идентитетот, па сите  барања ги отфрли или ги сметаше дека се надвор од препораките на Апелациониот суд за повторното судење.

Бараме реконструкција на настанот како и второ мислење на вештаците психијатри поради тоа што овој случај е многу специфичен. Премногу воопштено е дека крунскиот сведок ,,Бреза,, не измислува настани, не фантазира  не ги прикажува работите нереално и затоа побаравме повторно него вештачење. Неговите изјави се контрадикторни, ако се има предвид дека тој е правосилно  веќе осуден за друго дело, за кое сам вели дека  е наместен а судот докажал дека е непосреден учесник. Како тогаш  да му веруваме – изјави Коста Нојков адвокат  на прво обвинетиот Ѓоре Петровски, како нарачател на убиството на Лазо Милошевски.

Судот презентираше изјава од  македонското министерство за правда дека тој сеуште е во екстрадиционен притвор а постапката за испорака на Македонија е во тек. За негово сведочење е побарана конференциска врска, која американците ја одложиле за нареден период. 

Според обвинението Петровски сакал да му се одмазди на убиениот старец, бидејќи сметал дека тој пред неколку години пукал во него и го ранил. За ова Петровски ги најмил браќата Ордан и Љупчо Георгиевски кои за сума помеѓу 30 и 50 илјади долари го извршиле убиството на 2-ри декември 2005-та година во 20,45 часот, додека Лазо Милошевски ( 71 год) подготвувал вечера во неговиот дом. За тоа тие добија по 12 години затвор, пресуда која Апелација ја укина. 

На главен претрес беше   потврдена  информацијата што ТРМР уште пролетоска ја пласираше дека треба да сведочи починато лице.  МВР со писмен документ потврдило дека лицето  Тоде Мицковски, во чија плевна се чувала пушката, починал на 18 октомври 2007-та година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »