речник контакт

После повеќе месеци, во велешко нема ново регистиран случај на позитивен на ковид-19, еден починат

Активни се 698 случаи а во велешка Болница се 91 пациент

Петар Печков

Институтот за јавно здравје изминатите 24 часа не регистира нови случаи на заразени лица со ковид-19 во велешко а оздравени се 46. Во недела не работат државните  лабаратории за тестирање. Но сепак со месеци наназад во понеделник, во дневниот билтен имаше лица од велешко кои беа позитивни. Или активни се 698 а досега во велешко има заразено 5.206 лица.

Едно лице од Велес, на возраст од 67 години е починато во болница во Скопје, позитивно на ковид-19. После три дена, ова е пpв смртен случај. Тоа е 157 жртва од последиците на ковид-19 во велешко.

Во велешка Болница  хоспитализирани се  91 пациент,  од кои 77 се потврдени позитивни, осум сомнителни  и шест  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 44 пациенти.

На Инфективно  одделение се 46, на Интерно седум и девет на Физикално, додека во  Модуларна болница се 29 пациенти. 

фото Елизабета Варналиева 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »