речник контакт

После 20 години се покачија цените на влезниците за музеите и спомен куќите во Велес

После 2004 година ова е прво покачување на цените на влезниците, и тие досега беа симболични

Петар Печков

Покачени се цените за посетителите на музеите и спомен куќите со кој раководи Народен музеј Велес. По 20 години, туристите ќе плаќаат поскапи влезници кои сега изнесуваат од 20 денари за ученици, 50 за возрасни  до 100 денари за странци. Oваа одлука е на Советот а по барање на Управниот одбор на Народен музеј Велес.

„После 2004 година ова е прво покачување на цените на влезниците. И тие досега беа симболични, дури некои посетители кога ќе им ги соопштеа вработените досегашните цени, со насмевка оставаа повеќе пари. Надлежни сме за 11 објекти. Спомен костурницата е споменик од „А“ категорија со редок мозаик, најголем во Македонија и таа заслужува да биде самостојна установа.  Со досегашните цени не можеше ниту  хигиенски средства за  тековно чистење одржување да купиме а не за повеќе. Оваа минимална  корекција е потребна и нужна“ – кажа Ангел Коруновски, директор на Народен музеј Велес. 

Советот на Општина Велес едногласно ги усвои новите повисоки цени за влезници. Досега цените беа 10 денари за ученици, 20 за возрасни  и 50 денари за странци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »