Петар Печков
Објавено: вторник, 03 март 2026
Средства за смирување на сообраќајот, таканаречени "лежечки полицајци", поставени се на две локации во Велес, кај Стар мост и во населба Превалец.
Точката кај Стар мост беше критична поради фреквентниот сообраќај и движење на пешаците, но со измената на законските прописи се овозможи надминување на овој проблем.
„Со цел спречување на заобиколување на препреките поставени се и столпчиња помеѓу, со што дополнително се зголемува безбедноста. Безбедноста на сите учесници во сообраќајот останува приоритет во работењето“ – информираа од локалната власт.
Во наредниот период, во зависност од потребите, ќе се изработува прокет за поставување на т.н. легнати полицајци и на други локации во градот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
фото Општина Велес
| Tweet |







