Петар Печков
Објавено: петок, 26 март 2021
Деновиве заврши поставувањето на два летниковци на врвовите на ридот Вршник и ридот Св. Илија. ова од причина што истите се потенцијалните излетнички места за велешани. Активноста е на локалната акциона група „Вардар ЛЕАДЕР“
„Со ова љубителите на природата и планинарењето ќе имаат повеќе избор за рекреација во слободно време .Во близина на летниковците ќе бидат поставени и по четири столбови со фотоволтаични светилки на сончева енергија со што овие места ќе бидат осветлени и граѓаните ќе можат да ги посетуваат и во вечерните часови“ - информираа од Општина Велес.
Дополнително, десет столбови за осветлување ќе бидат поставени и во општина Градско, на излетничкото место Подлес. Ист летниковец беше поставен и во населба Чашка, со што завршуваат проектот на Локалната Акциона Група Вардар ЛЕАДЕР која спроведува проектни активности на територија на овие три општини.
Проектот е поддржан од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, преку Министерството за Земјоделие, Шумарство и Водостопанство.
Tweet |