речник контакт

Потврдени затворските казни за обидот за убиство во Горно Јаболчиште

Фахрудин Дурмишев доби пет години и три месеци за убиство во обид а Шазивар Дурмишев доби шест месеци затвор за предизвикување општа опасност

Петар Печков

Апелација Cкопје  ги потврди првостепените пресуди за обидот за убиство во Горно Врановци, настан кој се случи  летото 2012-та година. 

Во Основен суд Велес, судијата Шефшет Адеми ги прогласи за виновни  Фахрудин Дурмишев  (29 год)  кој доби пет години и три месеци за кривичното дело убиство во обид а  Шазивар Дурмишев (42 год)  доби шест месеци затвор за кривичното дело предизвикување  општа опасност.   

Настанот  се случи во Горно Јаболчиште  на 15 август 2012-та година. Според обвинението  Фахрудин Дурмишев попладнето  околу 19 часот,  се обидел да го лиши од живот соселанецот  Ќемал  Синанов поради претходно меѓусебно влошени односи, додека Шазивар Дурмишев му помагал во сторувањето на делото.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »