речник контакт

Потопени бродови кои се поинтересни од Титаник

Бродови кои ги снашла иста судбина како Титаник

Петар Печков

 Во текот на значаен дел од историјата на човештвото, бродовите биле доминантно превозно средство и двигател на светската моќ. Ова водело до многу конфликти помеѓу нациите кои се решавале на вода. За бродовите кои исчезнале под морето

HMHS Britannic“

Ова е сестрата -брод на „Титаник“. Тој бил изграден по потонувањето на познатиот брод, а во неговата изградба биле направени некои промени. Завршениот брод бил поголем од „Титаник“. Тој бил искористен од страна на владата како болнички брод за време на Првата Светска Војна. Тој пловел една година пред да потоне. Бил соборен од страна на непријателите. Не е познат денес бидејќи повеќето патници преживеале. Од 1.000 патници починале само 30-на.

„RMS Lusitania“

Накратко, тој бил најголемиот брод во светот пред да биде засенет од сестрата -брод „Mauretania“. Тој потонал за време на Првата Светска Војна од страна на германски брод. Овој брод бил користен за таен пренос на муниција.

„Nuestra Señora de Atocha“

Бродот бил награда за Шпанците кои ги носеле најголемите богатства преку водата. Ова се случувало во 1622 година. Бродот требало да патува од Хавана до Шпанија. На себе носел злато, сребро, накит, тутун и сè друго што било вредно во тоа време. Бродот бил уништен од ураган. Со години, Шпанците испраќале бродови за да го спасат богатството и не се грижеле за загубените животи.


„Whydah Gally“

Белами е познат пират кој се смета за еден од најуспешните во историјата. Тој потонал и заробил многу бродови и собрал огромно богатство, но никогаш не успеал да ужива во него. Неговиот брод потонал за време на невреме во 1717 година. Целата екипа потонала со бродот. Остатоците од бродот биле пронајдени 260 години подоцна.

„Queen Anne’s Revenge“

Во историските книги тој се смета за еден од најстрашните бродови. Причината за тоа е капетанот на бродот: Црна Брада. Пиратот исчезнал со бродот во 1717 година. Нивната судбина останала мистерија до 1906, а откритието било потврдено дури во 2011 година. Со пронајдените остатоци биле најдени и многу артефакти кои сè уште се ископуваат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »