речник контакт

Потпишан договор за заеднички проект на Велес и грчки Лерин, со пари од ЕУ

Проектот ЕНЕРЏИНЕТ вреди 800 илјади евра. Средствата ќе бидат искористени за поставување на термоизолациони фасади

Петар Печков

Пет објекти на велешката детска градинка ,,Димче Мирчев,, ќе добијат термоизолациони фасади , со средства од  ЕУ. За таа цел потпишан е договор за партнерство помеѓу општините кои се вклучени во проектот, Велес како носител од македонска страна  и Прилеп и грчките Лерин како  носител, Ираклеа и Визалтиа.

Вкупната вредност на проектот ,,ЕНЕРЏИНЕТ,,  е без малку 800 илјади евра од кои 260 илјади се наменети за македонската. од нив за Велес се 160 илјади евра а Прилеп   100 илјади евра

Најважниот аспект на проектот се градежните работи што ќе ги извршиме во детската градинка „ Димче Мирчев“. 82 илјади  евра ќе бидат искористени за поставување на термоизолациони фасади за енергетска ефикасност во 5 објект, клоновите 2,3,4,5 и 6 во детската градинка „Димче Мирчев“.Со  реализацијата на овој објект ќе заштедиме енергија, но истовремено ќе придонесеме во заштитата на околината и во практичната едукација на младите генерации -изјави градоначалникот на Општина Велес,Славчо Чадиев на прес конференција.

 Учеството на Општина Велес  во проектот е 22.719 евра, за што треба одлука да донесе општинскиот  Совет. Со дел од средствата предвидена е изработка на Стратегија за енергетска ефикасност SEAF, која  ги опфаќа сите објекти во сопственост на Општина Велес и ќе понуди долгорочни решенија за енергетска ефикасност.

Истата треба да биде во согласност со стандардите на ЕУ за изработка на SEAF. Општина Велес ќе добие и опрема за отворање на кацеларија за енергетска ефикасност во која во времетраењето на проектот работно ќе биде ангажирано едно лице од редовите на Општинската Администрација.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »