речник контакт

Потпишан е договор за реконструкција на седум улици во Велес и во Чашка (фото)

Инвестицијата на Министерството за транспорт и врски е во вредност од 65 милиони денари

Петар Печков

Договорите ги потпиша  министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој денеска беше во работна посета на општините Велес и Чашка.  Дговорите се потпишани со  градоначалникот на општина Велес, Марко Колев и на општина Чашка, Горан Стојановски. Според потпишаното  ќе се  реконструираат  четири улици во Велес и три  улици во општина Чашка.

„ Со реконструкцијата на локалните улици овозможуваме подобри услови за живот на граѓаните, урбан развој и пред се локален економски развој за општините. Очекувам дека со реконструкција на овие улици во Велес и во Чашка значително ќе го подобриме животот на жителите во овие две општини. Упатувам апел до сите градоначалници што поскоро да ги користат средствата што ги обезбеди Министерството за транспорт и врски од овој проект.“ – изјави министерот Бочварски.

Средствата за проектите се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, преку Проектот за „Поврзување на локални патишта во општините“ односно, санација на локалните улици и патишта во општините, со вкупна од 70 милиони евра.

Во општина Велес се потпишаа договорите за реконструкција на улиците Живко Фирфов, Андон Шурков, Лазо Осмаков и Орце Мартинов. Вкупната инвестиција за реконструкција на овие улици во Велес изнесува 37,5 милиони денари.

Во општина Чашка договорот за реконструкцијата се однесува за улиците Ацо Шопов, Коста Кирков и улица во  село  Мелница, вкупна инвестиција од 27,5 милиони денари.

Рокот на изведба е до средината на 2023 година.

„Во рамките на Проектот за реконструкција на локални патишта до сега се реконструираа или се во фаза на реконструкција преку 100 улици и патишта во преку 50 општини низ земјата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »