Петар Печков
Објавено: петок, 26 февруари 2021
До недела кандидатите за попишувач, може да се пријават електрoнски на јавниот конкурс, кој го објави Државниот завод за статистика. Тој се однесува за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на „Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година“ кој ќе се одржи во периодот од 01-21.04.2021 година. Кандидатите можат да конкурираат во својство на: Реонски попишувачи и Реонски инструктори.
Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори за Општина Велес, заедно со соседните општини Чашка и Градско е 16 инструктори и 166 за попишувачи. Од нив 131 е за попишувачи на македонски јазик, 18 за албански јазик, по шест за турски и босански, три ромски и по еден за влашки и српски јазик.
Кандидатите кои се пријавуваат треба да ги исполнуват следните услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено најмалку средно образование и да немаат засновано работен однос, и како дополнителни услови -познавање на работа со персонален компјутер и познавање на соодветниот јазик на заедницата за која конкурираат. Изборот на пријавените кандидати ќе се врши по пат на тестирање.
линк до пријавата : https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx?fbclid=IwAR3w4OfQImzHZ-NLI2KDqlGPxQOJ87a2kM-AFAuu_lz80hNmFXsPM1lYG9A
Tweet |