Петар Печков
Објавено: недела, 05 септември 2010
Валентина Камева беше прогласена за најдобар аранжер на декорации од сладолед, на натпреварот кој се одржа на базен Снупи. Таа беше најдобра меѓу шесте натпреварувачки кои ги покажаа нивните умешности, формирајќи примамливи форми на сладолед.
Натпреварувањето беше во организација на женското здружение ,,Креација,, а спонзор прилепската фабрика за сладолед ,,Милина,, . При ова беа потрошени 200 кг сладолед.
Tweet |