Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јуни 2015
На претстојните 52-ри Рацинови средби во Велес што ќе се одржат од 11 до 13 јуни, почесното Рациново признание за 2015-та годинава ќе го добие Олга Панкина, писателка и преведувачка од Русија која живее и твори во Македонија. Ова го соопшти Васил Зафирчев директор на манифестацијата „Рацинови средби“.
Панкина е заслужна за превод од македонски на руски јазик на повеќе од 50 изданија, рече Зафирчев.
Почесното Рациново признание се доделува традиционално за посебна афирмација на македонскиот јазик литература и култура надвр од Македонија.
Наградата на Панкина ќе и биде врачена на 12 јуни на свеченото доделување на наградите на Рациновите средби: Рациновото и Почесното Рациново признание за 2015 година.
Меѓу добитниците на ова признание се и Чехот Иван Доровски, хрватите Алдо Климан и Горан Калоѓера, србинот Мирољуб Стојановиќ, бугарите Петар Крангов и Стефан Влахов, црногорецот Стеван Перовиќ, романецот Јон Илиеску, Германецот Петер Рау, Тања Ступар Трифуновиќ од БиХ, Романецот Јон Деаконеску...
Tweet |