Петар Печков
Објавено: недела, 02 август 2026
Во 103 година од животот почина д-р Никола Стојанов, потврдија од неговото семејство. Тој е првиот претседавач на повеќе партиското собрание на Македонија, кој заседаваше на неговото конституирање на 8 јануари 1991 година и последен жив партизан учесник во НОБ. Како највозрасен пратеник Никола Стојановски беше прв претседавач и ја водеше седницата се до изборот на Стојан Андов. За работа во тие моменти од формирањето на Парламентот се спомнуваше:
„Се сеќавам на тоа турбулентно време. Секоја партија сакаше да преовладува, нивните ставови да се слушнат. Прв пат повеќе партиски парламент. Но морав смирено да ја водам седницата, да ги сослушам, да се почитувам редот. Се до изборот на Стојан Андов за претседател, успевав да го задржам редот во салата – раскажуваше за време на неговиот живот д-р Стојановски.
Случајно или не прв претседавач на првото заседание на АСНОМ во Прохор Пчински на 2 август 1944, беше исто така велешанец. Како највозрасен таму седницата ја водеше Панко Брашнар, се до изборот на Методија Андонов Ченто за претседател на Президиумот на АСНОМ.
Никола Стојанов беше последниот партизан учесник во НОБ. Тој е учесник на штрајкот на велешките гимназијалци од март 1942, против користењето на бугарскиот јазик во наставата.
Роден на 8 февруари 1923 година во велешкото село Скачинци, дипломирал на Медицински факултет во Белград 1952 а специјализирал педијатрија во Загреб 1958. Цел работен век го минал како доктор а дел од бил и директор на Велешката болница. За него како доктор, како педијатар, велешани без исклучок имаат убави и пофални зборови.
Стојанов издаде книга за родното село Скачинци. Но и научен труд за здравството во Велес.
Погребот на д-р Никола Стојанов ќе биде утре, вторник на семејните гробишта од црквата Св. Спас во Велес. Ковчегот со посмртните останки ќе биде изложен во 10ч. а погребот е во 11ч.
Последна почит ќе му оддадат припадниците на Армијата со почесен плотун, последен поздрав, како што доликува на заслужен граѓанин на Македонија.
| Tweet |




