речник контакт

Почина велешанка, 18-та жртва на ковид-19

Жената на возраст од 62 години била хоспитализирана во велешката болница од четвртокот

Петар Печков

Денес околу 13ч. на Инфективното одделение од Велешката Болница починала пациентка, информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Таа била позитивна на ковид-19 и е 18-та жртва на корона вирусот од велешко.

Жената била хоспитализирана во Болницата од четвртокот, примена на Интерно одделение па подоцна префрлена на Инфективно. 

Почината била на возраст од 62 години.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »