Петар Печков
Објавено: среда, 14 октомври 2026
Нов смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава. Починала 66-годишна пациентка од Росоман, кај која бил потврден тежок облик на западнонилска треска, со засегнат централен нервен систем. Била згрижена на Инфективната клиника во Скопје.
Кај неа оваа зарaзна болест беше регистрирана во периодот 25- 30 септември. Пациентката имала многу придружни хронични заболувања, клиничкиот тек бил многу тежок и настапил смртен исход. Таа е 11 жртва на западнонилската треска во Македонија.
На Клиниката е хоспитализирана уште една пациентка со тешка форма на западно-нилска треска, која подолго време е на одделот за интензивно лекување и е на механичка вентилација. Таа била на Клиниката речиси еден месец.
Од 25 септември во Македонија нема нови хоспитализации со западнонилска треска. Вкупниот биланс заклучно со 14 октомври останува 71 регистриран случај. Во Велешко имаше три случаи, еден во градот и два во селата.
| Tweet |




