речник контакт

Почина млад велешанец градежник, работел во индустриската зона Петровец

Врз момчето паднал метален предмет и го усмртил

Петар Печков

Младо момче од Велес Ердоган Асанов на 23 години вчера починал на лице место откако врз него паднл метален предмет. Деталите од информацијата на СВР Велес. 

„На 19 февруари во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец,  при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А.(23 год) од Велес, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот“ – соопштија од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот бил известен трудов инспектор.

Истрагата треба да ги открие причините за несреќата и евентуалната одговорност за смртта. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »