Петар Печков
Објавено: недела, 15 септември 2013
Градежниот работник Ангел Стаменов ( 42 год) од Велес почина откако седум ден беше во кома по повредата здобиена додека работел на градежна активност во Порцеланка. Нему му паднал врз главата камен тежок десетина килограм .
Стаменов работел на демонтажа на млин, при што биле вадени камените блокови, тешки десетина килограми. При една ваков зафат, каменот паднал врз главата на работникот и тешко го повредил. Со помош на колегите веднаш бил пренесен во велешката Болница, при што биле констатирани фрактури на черепот. Бил пренесен на Клинички во Скопје, каде вчера починал.
Ова е трет смртен случај на велешанец кој се случи изминатите три месеци, сите починати беа градежници. Во јули загина Злате Крстев ( 36 год) додека работел на бродоградилиште во Бијела Црна Гора а во август почина Драган Наковски ( 24 год) откако падна во отвор за лифт на објект во изградба во Скопје.
Tweet |