Петар Печков
Објавено: вторник, 28 април 2026
Му дал на чување стадо овци, по три дена кога ги добил назад фалеле 40 овци. Ова е настан регистриран во билтенот на велешката полиција.
,„На 27 април во 15:30 часот во СВР Велес, 24-годишно лице од велешко пријавил дека на 24 април му доверил овци на чување на лице од Неготино, а откако му ги вратил забележал дека му недостасуваат 40 грла овци,“ – соопштија од СВР Велес.
Со ова на сопственикот на стадото пријавил дека му била причинета материјална штета од околу 500.000 денари. Полицијата работи на расчистување на случајот.
фото интернет
| Tweet |




