Петар Печков
Објавено: петок, 04 декември 2020
Откако во април за Велигден прелетаа над Велес, вечерва, петок-декември, повторно беа над градот сателитети на Илон Маск. За тоа сведочат фотографиите кои велешани ги споделија на социјалните мрежи.
Фотографиите во прилог се од месноста Германски гробишта. Сателитите „Старлинк“ на Елон Маск беа регистрирани над Велес и предизвикаа многу дилеми и непознати кај дел од граѓаните.
Мистериозните светлечки траги кои се видоа се телекомуникациските сателити „старлинк“, што пред година и половина ги лансира „СпејсЕкс“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, втор најбогат човек на светот.
Тие ќе овозможат планетата целосно ја да биде покриена со интернет, секој сателит е тежок 227 килограми.
Маск почна да го развива проектот „Старлинк“ во 2015 година и неговата вредност се проценува на 10 милијарди долари.
Tweet |