Петар Печков
Објавено: недела, 28 април 2013
На трети мај во салата Гемиџии во Велес ќе се одржи вториот по ред Велигденски рок фестивал. Гости се Суперхикс, битолчаните Фолтин, прилепчаните The Hounds и велешката група Blue Sky. Афтер парти е предвидено со ди џеи од Антена 5 радио. Билети во пред продажба може да се набават во продажните салони на One и Југотон како и на касата на спортската сала Гемиџии по цена од 200 а на денот на одржувањето на настанот влезниците ќе се продаваат по 300 денари.
Организатор на фестивалот е Здружението на граѓани за развој на културата ,,Велес Фест,, финансиран од неколку спонзори а помогнат од Општина Велес. Тие соопштија дека на првиот, ланскиот Велигденски рок фестивал имало две илјади гости.
Tweet |