Петар Печков
Објавено: четврток, 26 декември 2019
Административците и помошно техничкиот персонал, вработени во јавното здравство по втор пат на протест за еден месец. Исто како претходниот пат побараа Синдикатите да не ги потпишат колективните договори со кои специјалистите треба да добијат за 25 проценти поголем личен доход, медицинските сестри 15, од февруари следната година, додека нема ниту денар повеќе за возачите, болничарите, правниците и економистите од болниците и здравствените домови.
Најмалку 10 проценти поголема плата е црвената линија од која нема да отстапи здравствената администрација и помошниот технички персонал, бидејќи нивната со години не е поместена на погоре.
Сега се создадени услови за зголемување на платите, буџетите се формирани, добро се направени, перспективни се и вклучуваат нови вработувања и зголемување на платите. Ако не се исполнат нашите барања ќе побараме од синдикатите овој протест да се претвори во генерален штрајк на административните службеници во здравствените организации, велат од Координативно тело на здравствена администрација.
Административците од здравствениот сектор се револтирани што и покрај преговорите со здравствените власти не се договориле и се останало на образложението, дека здравствената не може да биде одделена од јавната администрација.
Протестот на административците и помошно -техничкиот персонал во јавното здравство беше за време на паузата.
Tweet |