Петар Печков
Објавено: сабота, 19 февруари 2022
По втор пат за три дена, Велес е втор по број на нови случаи со ковид-19 во земјава денес. Ова го покажаа податоците кои ги соопшти Министерството за здравство. Изминатите 24 часа во велешко се регистрирани 52 нови случаи, оздравени се 91. Бројот на активни случи во велешко порасна на 313.
Има починато еден пациент, маж на 55 годишна возраст, од Велес, позитивен на ковид-18 со коморбидитети и со ковид пневмонија.Тој е 308 жртва на ковид пандемијата во велешко.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 38 пациенти тројца помалку од влера . Hа Инфективно се хоспитализирани 25, на Интерно пет и на Физикално 12 пациенти. Потврдено позитивни се 25, непотврден е еден и негативни се 11 но со потреба од болничка нега.
„Испишани е четворица пациенти со еден негативен тест, ново примени се четворица пациенти, еден на Инфективно и тројца се трансферирани од Интерно на Физикално. На кислородна поддршка се 20 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велеc.
Tweet |