речник контакт

По втор пат меморијална тура во чест на Живко Ѓорѓиев – Старото

Стотина учесници во снежни услови го искачуваа врвот Стара Мусица кај Крушево

Петар Печков

По втор пат се одржа меморијалната планинска тура  „Живко Ѓорѓиев – Старото“, посветена на споменот на велешанецот, кој беше  голем спортист рекреативец планинар и велосипедист . Турата  се одржа неделата кон  врвот Стара Мусица 1.788 м.н.в., Крушево. 

„Се собравме  заедно за да ја изодиме патеката која тој толку многу ја сакаше и да го продолжиме неговиот дух на другарство, солидарност и љубов кон планината“ – соопшти организаторот „Убај деца“. 

Тргнувањето беше од споменикот „Слива“ над Крушево, се пешачеше 6 часа по снежни услови, патеката беше во должина од  12 км. а учествуваа околу стотина рекреативци. 

Учествуваа П.Д. „Гемиџии“ – Велес, КП „Зрењанин“ – Зрењанин, ПД „Нафташ“ – Нови Сад (двете од Војводина), ПД „Бигла“ – Демир Хисар, СПЕД „Клепа“ – Росоман, ЗПЗП „Козјак 2013“ – Куманово, , ПСК „Осогово“ – Кочани, ЗПК „Серта“ – Неготино.

фото ФБ Убај деца

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »