Петар Печков
Објавено: петок, 28 мај 2021
Изминaтите 24 часа во велешко се регистрирани два нови случаи на позитивни на ковид-19 а исто толку оздравени. Ова е здравениот билтен кој го објави Институтот за јавно здравје. Во велешко има активни 61 случај а досега се заразиле 5.468 лица
Во велешка Болница се хоспитализирани 14 пациенти, од кои шест се потврдени позитивни, двајца сомнителни и шест пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се четворица пациенти. На Инфективно одделение и на Интерно се по седум пациенти.
Tweet |