речник контакт

По деветти пат, велешките гимназијалци ја одржаа „Парадата на мирот“, со мото „Крај на расизмот, да градиме мир“

„Парада на мирот“ се одржа во шест други македонски градови- Виница, Македонски брод, Гостивар, Дебар, Скопје и Велес

Петар Печков

Под мотото „Крај на расизмот, да градиме мир“ во шест македонски града се одржа „Парадата на мирот“ во организација на „Првата детска амбасада Меѓаши“.  Во Велес учествуваа неколку стотина гимназијалци со пароли кои повикуваат на мир, толку потребен на младите за нивен развој и живот.

„Во Велес не само учениците туку и граѓаните ја препознаваат оваа парада и се приклучуваат кон неа, во ова турбулентно време.  Војната не е само опасност по опстојување на светот, туку и по децата кои најмногу ги погодува и  страдаат како невини. Токму тие со кравањето на гласот, со нивните пораки, возрасните да се вразумат да нема жртви“ - кажа Драги Змијанац претседател на „Првата детска амбасада Меѓаши“.  

Во Велес таа ја организира гимназијата „Кочо Рацин а годинава се приклучија и ученици од Хемиското училиште. Освен во Велес, „Парада на мирот“ се одржа и во шест други македонски градови- Виница. Македонски брод, Гостивар, Дебар и Скопје.

„Учениците, професорите, сите на свои начин ја организираме и одржуваме оваа парада. Пораките сите заедно ги напишавме и ги испраќаме во јавноста“ - кажа Магдалена Сарагинова, професорка од гимназијата “Кочо Рацин“’.

Најстарата гимназија во Македонија, велешката, е единствена во земјава која  ги има организирани сите девет досегашни „Паради на мирот“.  

Ученичката оd четврта година од гимназијата „Кочо Рацин“ Стефанија Јакимовска вели

„Испраќаме порака и посакуваме мир во светот , бидејќи секој тоа го залужува“

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »