речник контакт

По девет години затвор за Марина и Иле Трајковски, обвинети за убиство на сопругот и татко Зоран

Убиството се случило лани на 19-ти јануари, Водици

Петар Печков

Обвинетите за кривичното дело „убиство“   извршено врз  Зоран Трајковски,  сопругата  Марина (51 год) и синот Иле (22 год) Трајковски од Долно Караслари, се прогласени за виновни  во Основен суд Велес, дека со умисла на 19-ти јануари минатата година во нивниот дом го лишиле од живот, сопругот и татко. Петчлениот судски совет, со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова,  им изрече казна од по девет години затвор. 

Во моментот кога го сториле делото, обвинетите  била пресметливи, покажало вештачењето на докторите. Според воведниот говор на обвинителката настанот се случил  на ланскиот верски празник Водици, во терминот помеѓу 16,10 и 16,48 ч. на долниот кат од семејната куќа каде живеел Зоран и бил лишен од живот. Обвинетите  во притвор остануваат до правосилноста на пресудата.

„Од вештачењето на судска медицина, неспорно е дека Зоран Трајковски починал од задушување, констатирани се повреди  на нос, горна усна, крвни подливи долу од очите и повреди на внатрешниот дел од главата, на тилот. Убиството се случило во попладневните часови на 19-ти јануари, кога во куќат освен обвинетите немало други лица. Ако претходниот ден по доаѓањето за интервенција на итната помош, имало неред, следниот ден кога дошла екипата, забележливо било дека во собата е чисто средено и дека мирисало на алкохол а во крвта на починатиот немало присуство на алкохол, што упатува дека се преземени одредени дејствија. Тврдењето на одбраната дека е природна смрт, и дека при вештачењето на судска медицина не е земен во предвид излачениот ензим, кој го имало само во таков случај, го отфрли и сведокот доктор, кој кажа дека се лачи и при задушување“ ја образложи пресудата при изрекувањето судијката Гајдова.

Таа дополни дека  при изрекувањето на  казната се земени и предвид и олеснителните околности, дека врз Марина и Иле било вршено семејно насилство.   И Иле и Марина негираа дека се сторители на убиството за кое се обвинети.

Нивниот бранител адвокат Ангел Ивановски, со став дека Зоран починал од природна смрт и во прилог на оваа негова теза, беше  сведочењето на нивниот техничкиот соработник, доктор од патологија.

 „Починатиот имал повеќе болести, што резултирало со смрт. Обвинителството не кажа кој е извршител, која е помагач, поттикнувач, нема време на смртта. На починатиот нема ДНК од обвинетите. Кога е однесен од куќата на судска медицина, кај Зоран нема видливи повреди“ рече Илиевски.  

Обвинителката Гордан Тодорова,кажа дека пријавата за починатиот Зоран, била сомнителна, оти пред неколку години, сега обвиените, тогаш биле оштетени по повеќе кривични дела , сторени од таткото и сопруг.

„Вештото лице кажа дека скршувањето на носната `рскавица е настаната со  употреба на сила, со механизам на притисок.  Повредите на мекиот дел од тилот, укажуваат дека телото било на тврда подлога со главата, кога е извршен притисокот. Има и траги од задушување, констатирани во белите дробови. На починатиот нема траги од ДНК оти вештите лица посочија дека е „тоалетизиран“  исчистен од било какви траги на крв и траги. “ - рече Тодорова.

Пресудата не е правосилна.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »