Петар Печков
Објавено: четврток, 28 април 2022
Идентичен е бројот, по еден на ново заразени со ковид-19, со бројот на оздравени пациенти во велешко. Ова се податоци за изминатите 24 часа, кои ги објави Министерството за здравство. Остануваат 17 активни случаи во велешко.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 12 лица. Нема испишани, нема ново примени.
„Потврдено позитивни пациенти нема, непотврден е еден и 11 се негативно, но со потреба од болничко лекување. На кислородна поддршка се тројца пациенти“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова.
На Инфективно одделение се осум пациенти а на Интерно четворица.
Tweet |