Петар Печков
Објавено: вторник, 30 октомври 2018
По една година пауза повторно годинава ќе биде врачена актерската награда ,,Петре Прличко,,. Неа ја доделува Општина Велес и Народниот театар од градот. Веќе е распишан конкурсот и наградата која се состои од паричен дел и плакета ќе биде доделена во рамките на одбележувањето на 9-ти Ноември Денот на Општината.
Надминати се правните проблеми, оти третиот учесник во доделувањето на наградата Здружението на театарски актери ,,Џинот,, повеќе не постои, а лани на време не беше распишан конкурсот, така што годинава ќе ја продолжиме традицијата - кажа градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
Во чест на добитникот велешкиот театар ќе одигра претстава на која ќе биде врачена наградата. Досега наградата ја добија: Благоја Спирковски Џумерко, Емил Рубен, Петар Мирчевски. Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски, Петар Темелковски, Драган Спасов Дац, Александар Ѓоргиев, Милица Стојанова и Кирил Гравчев.
Tweet |