Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 октомври 2018
По петти пат, изминатиот викенд велосипедистите рекреативци ја возеа турата Питијада - вино 2018. Стартот и целта на турата беше на плоштад Сармаале, со почеток во 10:00 часот а првите учесници, најподготвените пристигнаа околу 13ч. додека комплетно сите учесници турата ја завршија во 16 часот . Според организаторот здружението на граѓани ,,Велес Бајкинг,, учествувале 300 велосипедисти -рекреативци. Тие возеа низ интересни делови на Велешката околина а по завршувањето ова следеше дегустација на питата пастрмалија.
Патеката по која возеа учесниците беше во должина од 47.9 km со категорија на тежина на патеката 5/10 - средно- лесна. Учесниците минаа низ неколку велешки села Раштани, Белештевица, Сопот, Сујаклари и Башино село, два манастири св. Петка и св. Ѓорѓија беа посетени и двете големи велешки винарии „Шато Сопот“ и „Тристо Винарија“. Главна атракција како и секоја година за сите учесници беше возење велосипед на висечкиот дрвен мост на реката Вардар, близу железничка станица Рајко. - рече Зоран Јаневски претседател на ЗГ Велес бајкинг.
Освен велосипедисти рекреативци од повеќе градови на Македонија гости имаше и од Грција од Лерин, како и државјани на Словачка и Украина кои се на привремен престој во земјава, со што манифестацијата доби и меѓународен карактер. Организатор на овој настан беше здружението на граѓани Велес Бајкинг со поддршка на Општина Велес.
Tweet |