Петар Печков
Објавено: четврток, 21 ноември 2019
Во тек е собирната акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема, која ја спроведуваат Општина Велес и ЈКП Дервен.
Годинава таа се спроведува по петти пат и трае цел месец ноември, започна на 1-ви завршува на 1-ви декември.
Граѓаните електронскиот отпад можат да го пријават секој работен ден, на телефонскиот број 043/233768, во периодот од 7 до 15 часот и сабота од 7 до 12 часот, во ЈКП Дервен.
Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот и животот на новите генерации, ја организираме традиционалната есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема. Нивното оставање на јавни површини е забрането со закон. Затоа искористете ја можноста овој вид на отпад да го отстраните од Вашите домови - стои во заедничкото соопштение на Општина Велес и ЈКП Дервен. Потенцираат дека услугата е бесплатна.
Во отпад од електрична и електронска опрема ,организаторот потсетува дека спаѓаат големи домашни апарати -фрижидер, електричен шпорет, машина за перење, клима уред, мали домашни апарати -пегла, правосмукалка, тостер, фен, опрема за информатичка технологија и телекомуникации -компјутер, печатач, фиксен и мобилен телефон, опрема за широка потрошувачка и забавна електроника -радио, телевизор, камера, музички инструменти, опрема за осветлување -неонки, сијалици, расветни тела, електрични и електронски апарати - бушалици, пили, машина за шиење, електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт -видеоигри, справи за вежби, медицински апарати, инструменти за следење и контрола- детектори за дим, термостати, автомати за издавање топли напитоци, за издавање пари, кабли, адаптери, полначи за мобилни телефони.
Tweet |