Петар Печков
Објавено: сабота, 12 јуни 2021
Во велешко изминатите 24 часа им,а еден нов случај, потврдено позитивен на ковид-19 а нема оздравени. ова се податоците од Министерството за здравство. Со ова бројот на активни случи во велешки се искачи на три лица.
Последен пат, пред седум дена, во саботата на 5-ти јуни, беше регистриран нов случај на лице со корона вирусот во велешко.
Во велешка Болница згрижени пет пациенти, од нив еден е потврден позитивен и четворица се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се тројца пациенти. На Инфективно одделение се двајца и на Интерно тројца.
Tweet |